Ova e citat od vesnik od minatata nedela:
НЕСЕКОЈДНЕВНА СЛУЧКА
Џиновски риби во Охридско Езеро
Кога се вративме во Охрид прашавме некои од рибарите што беше тоа што го видовме, а тие ни одговорија: 'Тоа се јато големи крапови што се сончаат на езерската површина”, кажува Костадинов.
“Нашето бротче лесно лизгаше по езерската површина. Езерото беше мирно и рамно како тепсија. Го слушавме само брмчењето на бродскиот мотор. Наеднаш, на стотина метри од нас, водата силно се разбранува. Од таа далечина видовме голема мешаница на површината на водата. Најпрво помисливме дека се дават некои луѓе и бараат помош. Но, никаков глас не допираше до нас, можевме да видиме само црнило што се превртуваше. Го изгаснавме моторот да видиме што е, но мешаницата нагло ја снема. Непознатите суштества, таков беше нашиот прв впечаток, се нурнаа во езерските длабочини и повторно се се смири”, вака раскажува Блаже Костадинов, кој заедно со неговите пријатели Горан Пржин и Миле Пендик, завчера околу 16 часот, меѓу населбите Елешец и Пештани кај Охрид, биле сведоци на несекојдневна појава на Охридското Езеро.
Тројцата пријатели со бротчето на Пржин завчера попладнето заминале на прошетка по Охридското Езеро. Кога помислиле дека ќе помине уште еден обичен летен ден, на околу 300 до 400 метри од брегот, меѓу Елешец и Пештани, на дотогаш мирната површина, забележале како наеднаш се појавил силен бран. Немало ветер, па затоа ги зачудил бранот.
“Должината на бранот, според слободна проценка, беше околу педесетина метри. Меѓутоа, не збуни тоа што тој почна да се движи во форма на врв од стрела. Краците беа долги по околу петнаесетина метри. Бевме далеку и не можевме да оцениме што се случува во езерската вода. Најпрво си помисливме дека се дават некои капачи што предалеку отпливале од брегот, но кога подобро се загледавме, видовме, или така ни се причини, повеќегрбни перки. Интересно беше што кога го изгаснавме бродскиот мотор, бранот го снема, но кога повторно го вклучивме, бранот се појави и мешаницата во него. Едно време бранот што 'пливаше' се упати кон нас, но воопшто не се уплашивме. Имавме силен брод, а добро го познаваме Езерото. Езерскиот феномен вџашено го следевме. Траеше околу петнаесетина минути. Потоа го снема и се се смири. Кога се вративме во Охрид прашавме некои од рибарите што беше тоа што го видовме, а тие ни одговорија: 'Тоа се јато големи крапови што се сончаат на езерската површина”, кажува Костадинов.
“Не можело ништо друго да биде, туку само големи крапови, тешки од 80 до над сто килограми кои ова време се сончаат на езерската површина. Едно такво јато, во случајов најверојатно биле стотина вакви големи риби, може да го разбранува Езерото на мал простор. Тоа се длабински крапови кои ги има само во големите езерски длабочини. Тие, како што ние велиме, ја печат икрата на површината на водата. Безопасни се и главно се појавуваат на голема оддалеченост од езерскиот брег. Тие си го изведуваат својот природен ритуал, кој малкумина успеале да го видат, а камоли да го фотографираат. Поради нивната тежина, но и должина од два и повеќе метри, досега не е познато дека некој успеал да улови ваков крап”, објаснува еден охридски рибар со долгогодишно рибарско искуство.
Биолозите во Хидробиолошкиот завод во Охрид велат дека не можат да дадат оценка за тоа што виделе тројцата охриѓани пред брегот на Елшани и Пештани, затоа што немале конкретни податоци. ”Не можам да коментирам нешто што не сум имал прилика да го видам, бидејќи нам од науката ни требаат факти и валидни аргументи. точно е дека крапот се мрести од април па се додека температурата на водата не се симне на 14 Целзиусови степени. Оваа сезона затоплувањето дојде подоцна. Кај нас не е евидентирана ваква појава, немаме податоци за крапови со толкава тежина, но тоа не значи дека ги нема”, дециден е м-р Зоран Спирковски, раководител на Лабораторијата за практично рибарство при Хидрибиолошкиот завод во Охрид.
Ima li potreba od komentar????
